Во Службен весник на Грција објавена одлука за граничните премини, за државјаните на Македонија дозволен влез

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Северна Македонија е меѓу земјите за кои, веќе и официјално постои исклучок од забраната за влез во Грција, согласно министерската одлука објавена во Службен весник, во која детално се објаснети условите за патување кај јужниот сосед, јави дописничката на МИА од Атина.

За влез во Грција, потребно е да се поседува, или сертификат за вакцинација (да се поминати две седмици од втората доза), или негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или потврда за прележан Ковид-19.

Исто така, задолжителен е и електронскиот формулар PLF, достапен на www.travel.gov.gr

Од копнените граници кон Северна Македонија, отворен е само преминот Евзони (Богородица).