Во сообраќајка тешко повредена старица од Пехчево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Седумдесет и шестгодишна жена е тешко повредена по директен судир на два автомобили на крстосницата во Пехчево.

Жената, како што стои во полицискиот извештај, е задржана на понатамошно лекување во Штипската клиничка болница.-

Во несреќата повредено е лицето Е.П кое било сопатник во едно од возилата и е пренесена во клиничка болница Штип.

Во несреќата учествувале патнички возила Сеат леон и Фолксваген голф, стои во полицискиот извештај.

Возилата кои учествувале во незгодата биле со беровски регистерски ознаки, во сопственост на жители на Пехчево.