Во Србија над 1000 нови случаи на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1072 позитивни случаи на коронавирус. Бројките растат и кај нашиот северен сосед од ден на ден, а ова е првпат по долго време да има четирицифрена бројка на новозаразени.

Направени биле 11.324 тестови, а на респиратор во моментов се наоѓаат 25 пациенти.

Во последните 24 часа починати се шест лица во оваа земја, со што бројката се искачи на 7.158 лица.

Вкупно хоспитализирани се 831 лице.