Ученик од основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Нов Белград бил однесен во полиција на разговор, објави „Блиц“.
Тој е осомничен дека вчера во училиште донел список за отстрел, и нож.
Момчето е испрашувано од полицијата по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, а наводно е ученик во седмо одделение.
Сите околности за инцидентот сè уште се утврдуваат, а деталите се непознати.
