Во среда ден на жалост во Србија поради трагедијата во старечкиот дом

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Србија утрово се разбуди со трагична вест дека во старечки дом во Бараево, во близината на Белград загинале осум лица во пожар кој најверојатно бил подметнат од лице со психички проблеми.

Токму поради оваа трагедија, Србија одлучи среда (22. јануари) да биде прогласен за ден на жалост во оваа земја.

„Утре ќе донесеме одлука во Владата да прогласиме ден на жалост поради страшната трагедија, огромната трагедија што се случи рано утринава во Бараево, во домот за стари лица“, рече премиерот Милош Вучевиќ.

Дополнително, лекарите се борат за животите на уште три лица, кои се тешко повредени по пожарот.