Во високото универзитетско образование, во високите стручни школи и факултетите, минатата година дипломирале 7.612 студенти, што претставува зголемување од 8,4 отсто во споредба со 2024 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број дипломирани во првиот циклус на студии минатата година, 27,3 отсто дипломирале во областите на бизнис, администрација и право.
Од вкупниот број дипломирани, 5.677 или 74,6 отсто се редовни студенти, додека 1.935 или 25,4 отсто се вонредни студенти, а жените дипломци учествуваат со 59,6 отсто. Исто така, 28,3 отсто дипломирале во предвидениот рок, додека 71,7 отсто по истекот на рокот.
