Во Тетово 128 магистри се невработени, над 16 илјади граѓани ја изгубиле работата во пандемијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Тетово во моментов без работа се 128 магистри. Тие се пријавиле и во Агенцијата за вработување. Бројот на оние кои завршиле додипломски студии и се пријавени како невработени е 2098. Во Тетово во моментов како невработени се околу 17 илјади лица од кои над 15 илјади се активни баратели на работа.

Последните податоци покажуваат дека бројот на активни баратели на работа се 15 671 лица. Лицата кои се пријавени како пасивни баратели на работа се пријавуваат на 6 месеци, а нивната бројка е 2461 лица.

Како последица на пандемијата над 16 илјади граѓани останале без работа. Ова е бројката на лица кои се пријавиле во Агенцијата за вработување.

„Од почетокот на пандемијата во март 2020 и до 31 декември 2021, како резултат на пандемијата, податоците од Агенцијата за вработување покажуваат дека таа бројка е околу 16 илјади лица“, вели Беким Мурати од Агенцијата за вработување.

Во градот Тетово од 15 активни баратели на работа, над 12 илјади од нив се Албанци.