Во тетовско водатa не е за пиење, реките мирни по поплавите, земјоделското земјиште под кал и песок

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Град Тетово и во текот на денешниот ден нема вода за пиење. Направените анализи од Институтт за јавно здравје покажуваат дека водата од тетовскиот водовод се уште не безбедна за пиење, иако има подобрување од резултатите од вчерашниот ден, вели Џелал Цека, директор на Јавното Општинско Тетово.

„И ИЈЗ, но и претпријатието излегувавме постојано со соопштенија со цел граѓаните да не ја пијат водата до следните резултати кои ќе ги имаме утре. Но, добрата вест е тоа што врз основа денешните анализи од ИЈЗ, имаме пад на индексот на заматувањето на водата и се надевам дека утре ќе имаме позитивни резултати за тоа колку е загадена водата.“, вели Цека.

Анкетираните граѓани велат дека моментално купуваат вода за пиење и додаваат дека општина Тетово требало да се грижи за водоводот, а еден граѓанин од населба Поток рече дека немаат воопшто вода.

Жител: И не е за пиење и нема воопшто вода, иако не е за пиење нема воопшто вода.
ТВ21: Во која населба живеете?
Жител: Во Поток, но и целиот град нема вода а тоа е апсурдно, имаше многу дожд а да нема вода, тоа е катастрофа.

Жител: Моментално купуваме. Општината е надлежна, треба да ги заврши работите, од кога велат дека ќе го направат тоа, а не направија ништо. Со ваква Влада нема да се направи ништо.

Жител? Кога се пиеше вода од бунар, од таму земат, нема ни филтри ни ништо.

Земјиштата во близина на Фалиште се полни со кал, а земјоделците кои не сакаа да зборуваат пред камера велат дека земјиште со кал тешко ќе даде квалитетни производи.

„Како најкритични точки во село Фалиште беше речното корито на река Шкумба каде се преземаа мерки и се санираа неколку делови и како што може се гледа, денеска состојбата е стабилна.“, вели Артон Бајрами од АД Водостопанство – Тетово.

Општина Тетово и Дирекцијата за заштита и спасување денеска интервенирале во чистење на земјата на планинскиот пат Бродец – Вешала. Исто така ќе се интервенира и на друго место подолу по оваа патна оска во тетовските планини, со цел патот да биде целосно прооден за сообраќај.