Според податоците на Штабот за вонредни ситуации во Врање, на територија на градот вкупно се вакцинирале 37.250 лица.
Само првата доза ја примиле 20.336 лица, а втората 16.914.
Првата и втора доза од вакцината Синофарм ја примиле 27.144 лица, Фајзер 4,758, Спутник В 4.893, додека првата доза од Астра Зенека ја примиле 455 граѓани.
Досега, во градот се вакцинирани и 949 граѓани на Северна Македонија.
