По повод 8-ми Септември, Ден на независноста на Република Северна Македонија, денеска се организира планинарење во Националниот парк Маврово.
На планинарењето учествува и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Годинава за прв пат Македонија ќе го одбележи Денот на независноста како земја – членка на НАТО. Mотото на денешното искачување е „Ние сме НАТО“.
