ВО ЖИВО: Се обраќа Зоран Заев, старо-нов лидер на социјалдемократите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во тек е прес конференција на ново избраниот лидер на СДСМ Зоран Заев. Ова следува откако денеска за прв пат непосредно беа организирани први внатрепартиски избори, каде што секој член кој го ажурираше своето членство имаше право на глас.

Како што истакнаа од Централната изборна комисија (ЦИК) на СДСМ изборниот ден помина во најдобар ред, без попречување и согласно утврдените прописи.

На 237 изборачки места од вкупно запишаните 68 991 активни членови гласале 90 отсто, а првичните резултати се за преброени 227 избирачки места.

Според ЦИК, целиот изборен процес е регуларно и успешно завршен, а СДСМ денес спроведе транспарентен демократски внатрепартиски изборен процес согласно сите статутарни одредби и одредбите на Правилникот на сите 237 избирачки места во сите 80 општини во периодот од 8 до 19 часот.

„Согласно бројот, односно процентот на пребројани гласови имајќи ја предвид слободно изразената волја на членовите на првите директни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ е избран Зоран Заев. Денес поставивме нови стандарди во политичкото дејствување, нова пракса во демократските процеси,порачаа од ЦИК на СДСМ и додадоа дека внатрепартиски избори се спроведоа целосно безбедни за здравјето на сите учесници со строго почитување на мерките и препораките за заштита на здравјето“.