Вода има, но нема притисок! – тетовските населби „преживуваат“ со хидрофори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во некои тетовски населби има недостиг од вода за пиење, или поточно има малку вода. Една од тие населби е и населбата Вонвардардарска. Поради недостигот од вода, повеќето од жителите беа принудени да постават хидрофор но и тоа не е решение за проблемот бидејќи и хидрофорите не се полнат доволно за да ги исполнат потребите на жителите. ТВ21 беше во оваа населба каде ни рекоа дека неколку пати барале решение од општинските власти но до сега добиле само ветувања.

Не, немаме, има многу малку, но без резервоари ништо, собираме по малку и со хидрофор ја носиме до горе, земаме едвај по малку.

Вода има но нема притисок, има вода но не може да се искачи над први кат, не оди и редовно немаме вода. Со хидрофор на струја ја носиме но не функционира до кај нас, нема куќа што нема резервоар.

Во населбата да речам дека нема вода, се снабдуваме со резервоар што го имаме поставено, инаку ако ги немаме нив, ќе останеме без вода. Ова е многу фреквентна населба и најредовни плаќачи во градот и овде најмалку се инвестира. Доставивме барања и официјални и неофицијални, но ништо. Има многу ветувања, и градоначалникот беше тука, нема преземено ништо конкретно, ништо, нема ни одговор за ова што е голема катастрофа бидејќи сме нова населба и би биле многу задоволни доколку се преземе нешто или да не информираат до каде е работата.

Од претпријатието Шара велат дека високите температури и чистењето на куќите пред Бајрам се причина за големата потрошувачка на вода. Велат дека во моментов градот се снабдува со 450 литри вода во секунда, што е доволно за градот.

Во моментов производството од изворите кои водат до резервоарот е над 450 литри во секунда во однос на количината што ја произведуваме во системот, што е доволно за снабдување на градот. Вообичаено трпат три зона или три дела од градот кога имаме високи температури, една е над поранешниот сточен пазар на улица 188, потоа улица 195 , делот над улицата 195 и зоната Вонвардарска, бидејќи цевката е многу мала за снабдување на цела населба“, вели Љуљзим Шаќири.

Проблем со водата за пиење имаат и други населби во кои нема доволно притисок, а улица 146 иако има нов систем, сепак нема вода за пиење.