Изминативе 20 дена предизборна кампања, во говорите на лидерите на партиите и кандидатите за градоначалник најчесто слушавме за изградба канализација, водоводна мрежа и улици. Овие ветувања укажуваат на тоа дека општините во Македонија сѐ уште немаат елементарна инфраструктура. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев за време на еден собир со граѓани рече:
Актуелната градоначалничка и кандидатка за уште еден мандат во Тетово, Теута Арифи, пред граѓаните рече дека зелената агенда е нивниот следен план за градот.
„Зелената агенда е нашиот следен план за Тетово, што подразбира голем проект за гасификација, голем проект за канализации“, истакна Теута Арифи.
Кандидатот за градоначалник на Дебар, вети изградба на најоштетената улица во општината.
„Она што им го ветуваме на нашите граѓани е дека една од најоштетените улици во нашата општина, во нашиот град ќе биде целосно реконструирана, почнувајќи од подземната инфраструктура на улицата која поминува од стара Пошта, стариот Амам, Велигден до Варош“, истакна Беким Поцеста.
И кандидатот за општина Делчево, вети санирање на водоводните цевки.
За време на изборната кампања, која истекува на полноќ, најголем дел од ветувањата на кандидатите беа фокусирани на асфалтирање улици, санирање на водоводна и канализациона мрежа.
