Водата во тетовските села опасна – „Плаќаме сметки, а вода за пиење купуваме“, велат граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќето од жителите  на општина Тетово и околните општини, пијат нечиста вода. Ова го потврдуваат анализите од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во Тетово. Во текот на 2019, 68% од 99 села од општина Тетово заедно со 5 рурални општини, имале нечиста вода за пиење, покажуваат официјалните податоци од ИЈЗ.

Најголемиот број бактерии не се од фекалиите во водата која истекува од овие чешми, објаснува Давидовски, и затоа состојбата и не е толку алармантна. Меѓутоа, како што вели тој, доколку не се преземат соодветни мерки постои опасност од појава на некоја епидемија.

ТВ21 ги посети селата во општина Боговиње и ги интервјуираше жителите. Тие велат дека водата не е за пиење и веќе подолго време мораат да купуваат вода или да полнат во селата кои имаат почиста вода.

Селото Камјан кое исто така гравитира во општина Боговиње нема проблем со чиста вода, туку со количината, особено во лето, велат жителите.

Од ИЗЈ – Тетово апелираат до граѓаните да внимаваат и со јавните чешми бидејќи и таму често пати водата не е за пиење, бидејќи од контролите кои ги има спроведено овој институт, резултатите покажале дека во 51% од случаите вода не е доволно чиста за пиење.