Воени авиони ќе го пречекаат авионот со репрезентативците на Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ПО победата над Мароко и освоеното трето место на Светското првенство во Катар, започнуваат последните подготовки за големиот пречек на хрватската фудбалска репрезентација во Загреб.

Стручниот штаб и тимот треба да слетаат во Загреб оваа недела во 17 часот и 10 минути, по што со автобус ќе се упатат до главниот плоштад во Загреб, каде ќе бидат пречекани од бројни навивачи.

Целиот тим треба да се врати во Загреб со авион А319 на Кроација ерлајнс, пишува Кроација Авијација.

Како што дознава овој портал, утре дел од свечениот пречек ќе бидат и воени авиони и контрола на летање кои ќе ги пречекаат познатите фудбалери при влегувањето во хрватскиот воздушен простор. Сообраќајот на аеродромот во Загреб треба да се одвива без тешкотии.