Неколку хеликоптери попладнево се забележани како го надлетуваат Куманово. Според информации на ТВ21, станува збор за воени хеликоптери.
„Во периодот од 16:00 до 19:00 часот, воени хеликоптери на Воздухопловна бригада, ќе извршат ноќно летање над Град Куманово“, велат од Министерството за одбрана.
Претходно ноќно летање беше реализирано и во главниот град Скопје.
