Продажбата на аранжмани се намалува, а некои целосно и се откажуваат. Граѓаните штедат пари, а туристичките работници бараат бескаматни кредити и итна помош од Владата за да преживеат.
„Работиме со туристи од март до ноември од цела Европа. За март и април ги откажаа патувањата во нашата земја. Војната ќе делува негативно. Особено оние што имаат свои автобуси нафтата ја покачија и сите тури стануваат поскапи и недоходовни“, истакна Панче Трајковски.
„Сме задоволни, бидејќи споредуваме со лани, не можеме со -. Цените со 2019-та се израмнети па дури и пониски затоа што се свесни за кризата. Им требаат туристи и не одат со голема маржа“, вели Марија Јовановска.
„Кај луѓето се јавува некој страв. Имаше интерес, резервации, сега прашуваат што ќе биде ако има војна дали ќе има откажување, дали ќе им бидат вратени парите“, додава Весна Филипова.
„Секојдневно имаме покачиување на цените на аранжманите бидејќи се поврзани со превоз, а горивото поскапува“.
Некои од туристичките работници велат дека интересот за патување е намален во споредба со претходните години, но оние што можат да си дозволат сега ги користат раните резервации со попусти.
Некои пак се изненадени од интересот за Малдиви, Доминиканска Република во зимските месеци, интересот за Велигденските празници за Италија која беше најпогодена од пандемијата. За летните аранжмани има интерес за Грција, Турција, Египет.
