Волонтерска ски патрола на Попова Шапка – најмладиот член има 10 години, над 100 интервенции дневно

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од лесни повреди, скршеници на екстремитети, до политрауми и сериозни случаи кои барале сериозен транспорт и долго интензивно болничко лекување. Повеќе од 100 интервенции или повеќе од 700-тина годишно има ски -патролата на Попова Шапка и Маврово. Не е исто велат тие да се даде прва помош на -10 во населено место и на планина на истата температура, бидејќи стресот кај повредените не е ист, а и логистичката поддршка на патролорите. Ски – патролорите имаат одлична соработка со медицинскиот персонал од околните градови, со кои се во постојана комуникација.Тие располагаат со посебна опрема, а најделикатниот дел е кога  има застој на жичарницата  и треба да ги евакуираат скијачите.

За да можете да се грижите за безбедноста на скијачите и да им помогнете при повреда треба да располагате со повеќе вештини.

Сето ова го прават волонтерски. Но, што е она што ги  води во нивната пред се хумана мисија и да влегуваат во ризик? Пасијата кон планината и спасувањето, посветеноста за несебично помагање, инаку воопшто и не би се соочиле со сите предизвици на оваа работа, а и несекојдневни искуства и глетки кои не се забораваат. Најмлад член е Милица која има 10 години и која помага во разнесување на материјали. Еден од помладите членови е и Тадеј кој раскажува за неговото искуство.

Циривири апелира пред да се впуштите во овој авантуристички спорт да ги поминете обуките  кои ќе ви овозможат сами да да можете да се снајдете при скијање. Да внимавате на опремата. Тие се 15-тина и не можат на сите илјадници да им излезат во пресрет, освен ако не се работи за сериозни повреди.