Министерот Венко Филипче на прес конференција истакна дека во моментов возачот на автобусот со кој патувале заразениот брачен пар пред 30 минути пристигнал повторно на граничниот премин Табановце и се вршат испитувања.
Тој додаде дека останатите патници во автобусот се ставени во посебна просторија и тие ќе бидат испитани.
