Возел 209 километри на час, на полицајците им рекол: „Бегав од коронавирусот“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Англиската полиција сопрела мотоциклист кој возел 209 километри на час. Мотоциклистот се обидел да најде чуден изговор да избегне казна.

Така на полицајците им рекол: „Бегав од коронавирусот. Мислам дека се мали шансите да се заразам ако возам брзо“, им соопштил на полицијата.

Меѓутоа полицијата не му простила, и му напишале казна.

Утредента стигнала уште поинтересна ситуација. Возач со марка БМВ возел 273 километри на час, и полицијата кога го сопрела, тој рекол:

„Бегав од жената и децата. Не верував дека тоа ќе биде проблем, но ете излезе“, им соопштил возачот на полицајците, но секако бил казнет за брзото возење.