Возете внимателно низ клисурите, можни се одрони

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

АМСМ предупредува за можни одрони низ неколку патни правци, особено во клисурите, и поради тоа предупредува на внимателно возење на овие делници.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.“, се вели во соопштението на АМСМ.