Деца и возрасни, жени и мажи облечени во розови маички, од Порта Македонија ја започпнаа трката со велосипеди промовирајќи здрав живот.
Под мотото Вози право, вози здраво, учесниците рекоа дека сакаат да испратат порака дека сите можат да живеат здраво возејќи велосипед по чисти улици и без да им пречат автомобилите.
Освен велосипеди, имаше и такви кои учествуваа со други превозни средства кои не ја загадуваат животната средина, а се одржа и натпревар меѓу родители со колички за бебиња.
