ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Фудбалер на Атлетико М. колабираше на тренинг

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Муса Дембеле колабираше за време на тренингот на својот тим одржан во текот на денешниот ден.

Дембеле во еден момент паднал во бесознание, по што веднаш помош пружила медицинската екипа на тимот.

Подоцна Дембеле самиот станал и го напуштил тренингот, но веднаш бил пренесен во болница на дополнителни испитувања.