Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека вработен на кардиологија пројавил симптоми на коронавирус. Тој напомена дека доколку некој има симтпоми, не смее да оди на работа, туку дека мора да се пријави, и дека ќе има санкции за оние кои имаат симптоми, а натаму продолжуваат на работа.
„Имавме случај на клиниката за кардиологија, еден од членовите на резервниот тим, на работа пројавил симптоми. Да кажам дека ова е во делот на ангио салата, каде што нема лежечки пациенти, туку доаѓаат само на интервенција. Сакам да кажам дека доколку се воспостави дека некој се појавил на работно место свесен дека и претходно има симптоми, ќе следат санкции.“, рече Филипче.
