Вработените во институцијата Народен правобранител протестираа барајќи финансиска независност и повисоки плати. Претседателот на синдикатот на оваа институција, Марјан Поњавиќ, вели дека користењето на финансиските средства треба да биде независно без да се бара одобрение од Министерството за финансии.
Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски вели дека услугата на Народниот правобранител не треба да биде обврзана со законот за административните работници бидејќи нивната работа не е административна.
Но Деаноски вели дека нема логика вработените во оваа институција да бидат обврзани со законот за административните работници, биејќи, според него, тие извршуваат задачи врз основа на граѓански петиции за заштита на нивните права.
