Вработените во Тетекс продолжија со протест. Тројца од вработените на Тетекс јарн лимитед се сретнаа со директорот на компанијата, Петре Камбуров, кој рече дека причината поради која не им е исплатена плата е блокирањето на сметката од страна на адвокатот на компанијата.
Според него, адвокатот треба да земе 25 илјади евра и Камбуров бара од вработените или да чекаат одредено време додека да најде решение со адвокатот или да земат стока.
Но вработените сакаат решение, тие велат дека не можат да земаат за толку многу пари стока од компанијата. Тие бараат решение и од Владата.
160 вработени на ова фабрика се отстранети од работа во март, а не земале плата за две месеци. Моментално фабриката Тетекс јарн лимитед е во сопственост на државјанин од Бугарија. Вработените велат дека доколку не се изнајде решение до следната недела, тие повторно ќе излезат на протест.
