Вработените во јавните обвинителства на штрајк – бараат покачувања на платите за 78% и враќање на додатоците на плата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Така, вработените во ОЈО се договараат како да функционираат за време на штрајкот што го започнаа. Тие ќе се појават на работа, но нема да работат додека не се исполнат нивните барања, а тоа се зголемување на платите за 78% и враќање на додатоците. Првиот човек на синдикатот на работниците од администрацијата, правосудните органи и здруженија Трпе Деаноски вели дека за време на штрајкот ќе се работи само кога е итно, односно според законските прописи, ќе работат во случаи кога има само притвори, рации или итни жалби.

Претседателката на синдикалната организација при јавните обвинителства вели дека самата влада го предизвикала штрајкот. Со општиот колективен договор, платата ни се зголемува за 10%, значи од 22 на 24 илјади денари, и толку, вели Таа.

Штрајкот ќе биде на сила во 28 јавни обвинителства во земјава и ќе трае се до исполнување на нивните барања. Претставниците на синдикатите велат дека побарале средба со министерот за правда, Кренар Лога но тој не ги зема предвид нивните барања.