Вработените во здравствениот систем кои се од Куманово, а работат во други градови, ќе бидат на располагање на кумановската болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата на Република Северна Македонија на денешната 34-та седница, донесе одлука да се прифати информацијата на Комисијата за заразни болести која препорача сите вработени во здравствениот систем кои се од Куманово, а работат во други градови во државата, да се стават на располагање на болницата во Куманово.

Ќе се определат инфектолози од другите градови во регионот, Крива Паланка и Кратово, кои ќе бидат повлечени за да работат во Центарот за јавно здравје во Куманово.

Здравствениот персонал што ќе биде ангажиран како дополнителен, ќе работи најмногу 14 дена, а потоа ќе биде заменет со нов тим според систем на ротација.