ВРЕДИ на локалните избори, заедно или одделно? Партиските лидери сѐ уште се договараат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Како ќе излезе коалицијата ВРЕДИ во првиот круг од локалните избори, заедно или одделно?

Како што е познато, коалицијата е составена од четири партии, а ние се обидовме да дознаеме каков план имаат сите четири.

Пратеникот на Алтернатива Беким Сали ни изјави дека четирите партии ќе се здружат, но се уште не се знае како ќе ги поделат општините.

ТВ21: На локалните избори ќе излезете заедно како ВРЕДИ во првиот круг?
Сали: Да, секако, заедно почнавме, заедно ќе продолжиме.
ТВ21: Дали разговаравте како ќе ги поделите општините?
Сали: Се уште не, ќе бидеме заедно, знаете во коалицијата сме 4 партии, така што друго решение нема.

И Фатмир Садриу од редовите на Движење Беса ни рече дека на изборите ќе излезат заедно, но додаде дека партиските лидери се уште преговараат.

„Ние како коалиција настапивме заедно на последните парламентарни избори и несомнено дека заедно ќе настапиме и на локалните избори со најдобрите кандидати во 16 општини во кои живеат Албанци“, рече Садриу.

Прашавме и во АА на чело со Таравари, но конкретен одговор не добивме. Ни рекоа за одговор да се повикаме на вчерашниот став на коалицијата каде пишуваат дека „како ВРЕДИ Коалиција се уште не ги поделиле општините ниту кандидатите кои ќе водат и ќе победат во албанските општини“.

ТВ21 вчера дозна дека Таравари инсистира во првиот круг четирите партии да се натпреваруваат одделно, додека во вториот круг да ги здружат силите како коалиција, но од друга страна Демократското движење, Алтернатива и Движењето Беса инсистираат да се натпреваруваат како коалиција од првиот круг.

Одговор побаравме и од ДД, но Фериде Хаџиу, пратеничката од оваа партија, избегна да одговори.