Лицата кои имаат страв од игли знаат колку е тешко тоа да се победи, и не треба да ги критикуваат или исмеваат поради тоа.
Сега повеќе од кога било е важно е да се обидете да го надминете својот страв, бидејќи вакцинацијата против ковид-19 е во полн ек.
Д-р Виктор Форнеј, психијатар од Лонг Ајленд во САД, има неколку многу корисни совети кои можат да ви помогнат да ја поминете вакцинацијата без многу болка и стрес.
Форнеј првенствено советува да бидете што е можно смирени пред вакцинацијата и да вдишувате длабоко. Би било добро покрај вас да имате член на семејство или пријател на кој му верувате.
Потоа, пред вакцинацијата, обидете се да ја вежбате постапката со шприц за играчки, и ќе сфатите дека целиот процес трае само две или три секунди. Земете гума за бришење и симулирајте боцкање со игла.
„Кога ќе разберете колку е брза и безболна вакцинацијата, ќе сфатите дека нема од што да се плашите“, објасни Форнеј.
