ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Сончево со мала до умерена облачност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд.До среда дневните температури ќе бидат во благ пораст, а потоа ќе имаат тенденција на опаѓање.

Дежурен синоптичар: Дипл.инж. метеоролог Ленче Ризова