Врховниот лидер на Иран Али Хамнеи, изјави дека Израел направил „огромна грешка“ и вети дека ќе биде „казнет“ за тоа.
Тој додаде дека народот нема да ја заборави крвта на „мачениците“ ниту нападот на нивната територија.
Според агенцијата Мехр, Хамнеи „го пофалил непоколебливото, храбро и навремено однесување на иранскиот народ“.
Тој, исто така, предупреди дека „секоја воена интервенција на САД несомнено ќе предизвика непоправлива штета“, осудувајќи ги „заканувачките и смешни изјави“ на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Соединетите Американски Држави мора да знаат дека Иран нема да се предаде“, рече Хамнеи.
Овие изјави доаѓаат откако Трамп побара „безусловна капитулација“ на Техеран и најави дека ја разгледува можноста за напад врз Иран.
