Врнежи од снег во западна Македонија – УХМР со предупредување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради продор на студена воздушна маса од север следува период на многу студено време.

Денес попладне и во вечерните часови ќе има врнежи, особено во западните делови кои ќе бидат претежно од снег.

Во овие делови на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Утре попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови.

Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми.