Регистриран е втор случај на коронавирус во Хрватска. Во Загреб заразено е 26-годишно лице, брат на првиот заразен со овој смртоносен вирус. Првиот пациент заразен со коронавирусот бил на фудбалски натпревар во Милано пред неколку дена.
Во инфективната клиника во Загреб во моментов три лица се испитуваат на коронавирус. Вонредна ситуација е во Сплит каде што брод пристигнал од Анкона. Го дочекал специјално опремена полиција и санитарен инспектор. На бродот имало 80 патници, но не е познато дали некој доаѓа од северниот дел на Италија.
Девојче од Италија кое има четири години, заразена е со коронавирус, пренесуваат италијанските медиуми. Доаѓа од Ломбардија, едно од десетте места кои се наоѓаат во црвената зона.
Девојчето е хоспитализирано, има благи симптоми на грип и не е во сериозна состојба.
