Втора јавна дискусија за нацрт-амандманите на Уставот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати на втората од петте јавни дискусии за уставните измени. Дискусијата ќе се одржи на  Универзитетот ФОН, каде говорници ќе бидат  и ректорот на Универзитетот Нано Ружин и универзитетскиот професор Темелко Ристовски, додека дискусијата ќе ја отвори и воведе деканката на Правниот факултет, Сејдефа Џафче.

Во нацрт – амандманите, како што потсети синоќа Заев, се вградени предлози на осумтемина пратеници и посочи на одлуката уставните измени да стапат на сила само доколку Грција ги ратификува Договорот од Преспа и Протоколот за наше членство во НАТО.