Вучиќ: Доколку има нови избори во Белград, тие ќе се одржат на крајот на мај или на почетокот на јуни

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во Минхен дека доколку има нови локални избори во Белград, тие ќе се одржат на крајот на мај или на почетокот на јуни.
Вучиќ, кој учествува на безбедносната конференција рече дека ќе почекаат до „први, втори, трети март, кога истекува рокот за формирање на градското собрание“, и дека доколку дотогаш не се формира, да се распишат нови избори, јави Бета.

„Во периодот од 18 април до не знам кој мај или некој ќе избере претседател на собрание, или ќе има избори до крајот на мај и почетокот на јуни, тоа е прашање на закон, а не по ничија волја“, рече Вучиќ.