Вучиќ на самитот за климатски промени: Имам неколку прашања за големите сили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ порача на конференцијата за климатски промени во Глазгов дека сите знаат кои се целите кога се во прашање климатските промени, но мора да се биде искрен и да се истакне дека половина од работните места во Србија зависат од реализацијата на тие планови, истакнувајќи дека доколку човештвото ја загуби битката за животната средина, ништо нема да останете за идните генерации.

Вучиќ истакна дека целта е да се прилагодат емисиите на јаглерод диоксид до 2050 година преку создавање на нови индустрии.

Зелениот план во голема мера е поврзан со економската стабилност на Србија, кажа Вучиќ, наведувајќи дека Србија ќе издаде зелени обврзници кои ќе и служат на циркуларната економија.

-Тие напишаа одличен говор за мене, но имам неколку прашања на кои големите сили се уште немаат одговорено. Како ќе ги финансираме сите овие активности, праша тој.

Слушнавме приказни за трилиони долари кои ќе бидат достапни, но каква ќе биде каматната стапка, како ќе им пристапиме на тие средства, праша Вучиќ.

-Како ќе пристапиме за нуклеарните централи, ќе ги намалиме или зголемиме ? Како ќе изградиме обновливи извори на енергија ако се зајакнат популистичките движења против ветерниците. Како ќе ги третираме цените на природниот гас, кој е во рацете на големите сили, посочи Вучиќ.

Вучиќ истакна и дека никој не кажува како ќе се решат кобалтот, никелот и другите остатоци од производството на електрични автомобили.

-Знаеме кои се целите, но за некои тоа е големна бајка и мораме да бидеме искрени еден со друг. Ако ја загубиме оваа битка, нема да остане ништо за нашите деца, заклучи Вучиќ.