Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изрази благодарност до ЕПП за организирањето на состанокот на лидерите на Европската народна партија и политичките партнери од Западен Балкан.
Вучиќ вели „исклучително е важно што Европската народна партија, како најголема и највлијателна европска партиска организација, ја поддржува соработката со регионот, особено кога станува збор за соочување со заеднички предизвици и работа за просперитет и подобар живот за сите наши граѓани“.
„Позициите на европскиот народ имаат посебна тежина при носењето одлуки во институциите на ЕУ. Нивното разбирање за можностите во Западен Балкан, како и нивната поддршка за политиката на проширување, даваат посебен импулс на нашите евроинтегративни и реформски процеси. Затоа, оваа средба претставува важен чекор кон понатамошна стабилизација и поврзување на регионот со Европската Унија.
Иако живееме во тешки и турбулентни времиња, средбата со лидерите на ЕПП ја покажува решителноста и желбата да продолжиме да работиме заедно за да ја реализираме визијата за стабилна и обединета Европа“, напиша тој на Инстарам профилот.
