Вучиќ побара македонците бесплатно да се вакцинираат во Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српскиот претседател Вучиќ побара од српската влада да дозволи и македонците да се вакцинираат бесплатно во Србија, со онаа вакцина која ја сакаат, а која е достапна во Србија, пренесува српскиот Б92

„Тие можат да се вакцинираат целосно бесплатно и да добијат потврда за тоа, како и граѓаните на Србија“, рече Вучиќ, потенцирајќи дека земјата има доволно вакцини и дека успеала да вакцинира околу 630.000-640.000 нови граѓани во последните дваесетина дена.

Граѓаните на Босна и Херцеговина од денеска можат бесплатно да се вакцинираат во Србија, а ќе добијат сертификати за вакцинација исто како и српските граѓани.

Македонските власти, пак, донесоа одлука дека српските државјани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини, во знак на благодарност за претходните донации во вакцини од страна на Србија.