Вучиќ понуди референдум за негова смена: „Мислам дека тоа би било фер“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави можност за референдум за негово разрешување.

Тој ова го најави на својот Инстаграм профил, откако Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА), најави дека мнозинството граѓани биле за смена на претседателот.

„Објективната и непристрасна ЦРТА соопшти на јавноста дека огромно мнозинство на граѓаните се за моја смена. Нема покредибилен извор, ниту за меѓународната заедница, ниту за политичките партии во Србија, од таа невладина организација. Се борев за народот и народот е мојата сила. Ако овие наводи на ЦРТА се точни, тогаш е невозможно да опстанам на местото претседател на Србија, и затоа потребно е партиите од опозицијата да предадат само 67 потписи, а ги имаат преку 80, за одржување на советодавен референдум за претседателот на Србија. Мислам дека понудата е повеќе од фер, а добро е да престанат да се фолираат сите во оваа земја како им е важно до некаква граѓанска свест и работите, конечно, да ги поставиме на свое место“, напиша Вучиќ.