Вучиќ распиша избори на 26 април

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ја потпиша одлуката за распишување на парламентарни избори кои ќе се одржат на 26 април.

„Почитувани граѓани на Србија, само што ја потпишав одлуката за распишување на избори за народни пратеници. Тие се распишани за 26. април оваа година. На сите учесници им посакувам успех“, рече Вучиќ.

Претседателот додаде дека изборите се важен чин за земјата, затоа што на нив граѓаните ќе се определат во каква земја сакаат да живеат.