Како чин на добрососедство ја оцени министерот Венко Филипче изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој побарал од српската влада нашите граѓани да се имунизираат во Србија, дури и самите да изберат со која вакцина сакаат да се вакцинираат против корона вирусот.
Министерот Филипче утрово комуницирал со неговиот српски колега, потврди самиот тој дека се договориле да отворат пункт за вакцинација во близина на земјава. Исто така соопшти дека на веб страната се пријавиле околу една илјада граѓани за ревакцинација во Србија. Местото за вакцинација ќе биде на еден од постоечките пунктови, во Ниш или Врање, каде што има и услови за чување на вакцините.
Во земјава се аплицирани вкупно 369.661 вакцина а се ревакцинирале 125.829 граѓани. За седум дена се очекува да пристигнат 500 илјади дози од вакцината Синовак. Во меѓувремесе уште нема информации за руската вакцина Спутник В, а за вакцините Фајзер, Филипче изјави дека земјава ќе продолжи да прима секој понеделник неколку илјади дози од оваа компанија.
