Вухан повеќе не е во карантин – еве како беше прославено повторното отворање на градот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Главниот град на кинеската провинција Хубеи, каде за прв пат се појави новиот коронавирус, од денеска повторно е отворен по 76 дневната блокада.

Градот со преку 11 милиони жители, кој беше најтешко погоден од коронавирусот во Кина, го прослави своето повторно отворање со игра и светла, пренесува интернационалното кинеско радио.

Властите ги отворија патиштата кои водат од градот и им дозволија на луѓето да го напуштат градот со автомобили.

Вухан од 23 јануари беше практично изолиран од светот поради епидемијата, а собраќајот беше тотално стопиран.

Бројни семејства беа раздвоени кога се затвори градот, но сега откако се укинаа сите ограничувања, повторно се соединети.

Пред градот повторно да биде отворен, централната кинеска провинција Хубеи соопшти дека ќе продолжи да спроведува мерки против вирусот.

Колеџи, основни и средни училишта, средни стручни училишта, технички училишта како и градинки низ целата провинција ќе продолжат да го одложуваат почетокот на семестарот, се вели во известувањето.

Ху Шугуанг, претседател на Кинескиот народен политички консултативен совет на градот Вухан, рече дека контролирањето и спречувањето на епидемијата останува приоритет на градот Вухан, а жителите треба да бидат во состојба на готовност.

Тој нагласи дека иако не постои случај на зараза, опасноста се уште не е помината.