Вулканот на Камчатка исфрли пепел во висина од 6 километри по земјотресот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вулканот Кључевскаја на Камчатка исфрли пепел во висина од шест километри откако силен земјотрес го погоди подрачјето, соопштија руските власти.

„На вулканот Кључевскаја, како одговор на силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала, е регистрирана емисија на пепел на висина од шест километри над работ на кратерот“, според извештајот на мрежата на природни паркови „Вулкани на Камчатка“, пренесува РИА Новости.

Според Алексеј Озеров, директор на Институтот за вулканологија и сеизмологија на Далечноисточната филијала на Руската академија на науките, сеизмичката активност често влијае на вулканите на Камчатка, соопшти агенцијата.