За 1 час не може да се вакцинира цело село – чекањето на тропски температури предизвика нервоза кај граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вакцинацијата против Ковид на терен изгледа е тежок предизвик за медицинските тимови. Според планот, предвидено е едно полошко селo да се вакцинира за 1 час. Со оглед на тоа дека во едно село се вакцинираат минимум 150 лица, тоа значи дека лекарите треба да вакцинираат еден граѓанин за 24 секунди. Во селото Слатино – тетовско, медицинскиот тим требаше да пристигне во 12 часот и да вакцинираат до 13 часот. Но, тие стигнаа во 13 и 20 минути, а стотици возрасни граѓани требаше да чекаат на тропски температури за да се вакцинираат.

Претседателот на месната заедница, Даут Имери вели дека ова село има околу 6 илјади жители и апсурдно е да се мисли дека тие може да се вакцинираат за еден час.

„Доцнењето на медицинската екипа не е воопшто добро бидејќи народот по топлово време ги чекаат да дојдат. Прво треба да дојде медицинскиот тим, а потоа тие кои треба да примаат вакцина. Не знам, ова е негрижа и не можам да сфатам. Треба да се направи подобра организација. За еден час не можеш да завршиш ниту една работа, а не да вакцинираш село со  5-6 илјади жители, треба да биде подолг временски период“, истакна Даут Имери.

Лекарот Бесник Мустафаи, координатор на екипата за вакцинација вели дека големата заинтересираност, административните работи и краткото време се пречка тие за еден час да вакцинираат цело село.

„Бројот на заинтересирани е трикратно зголемен за 2-3 дена. Капацитетот на здравствениот дом во мобилните пунктови е максимален, напливот на граѓани за краток временски период бидејќи термините ги имаме со однапред одредено време, и за еден час, многу е тешко да вакцинираме од 150 до 200 граѓани и токму поради тоа доцниме за во следните села“, посочи Бесник Мустафаи.

Според планот за теренска вакцинација само денес медицинскиот тим требало да вакцинира над шест села кои имаат над пет илјади жители. Додека екипата на ТВ21 беше на терен во четири села, беа вакцинирани околу 50 жители. Има доволен број на вакцини велат лекарите, но краткото време и високите температури предизвикуваат нервоза кај граѓаните.