За 300 пати зголемен бројот на пожари во прилепско

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во прилептко за 300 пати е зголемен бројот на пожарите од почетокот на годинава. Половината од пожарите се на отворено. Главната причина се тропските температури, и од прилепската противпожарна единица стравуваат дека ќе ги има и наредниот период поради најавите за високи температури.

-За 300 проценти годинава е зголемен бројот на пожарите. Имаме околу 360, половината се на отворен простор. Опасноста е голема  и оттука апелот до граѓаните да не палат ниту стрништа, ниту ниска вегетација, рече Кристијан Момироски, командир на прилепската противпожарна единица.

Само во последното деноноќие, пожарникарите се бореа со три огнени стихии, од кои две во индустрискиот дел. Во опасност беа прилепските компании.