За и против – потребен ли е референдум за францускиот предлог?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ако не сакаме да го развлечеме процесот на интеграции, не ни е потребен референдум, ќе го развлечеме како до сега. Можеме и на 30 години. Но, бројот на граѓани кои ќе останат во Македонија ќе биде уште помал за да ги почувствуваат плодовите.

Политичарите да не мислат само на политичките кариери, туку да седнат агументирано да разговараат -порачува аналитичарот Алберт Муслиу. Во Македонија сите можат да бидат, политичари, дипломати, но за вакви чувствитени теми треба секој сериозно да пристапи во својот дел и да го образложи.

„Невозможно е да се изведе тоа теоретски толку брзо. И рефередумот си има процедура, а не гледам причина да има референдум. Попрво би претпочитал да има сериозна дебата во парламентот којшто донесе една декларација која беше прифатена од сите страни во нашиот парламент, да станат одговорни и да се поврзат со таа декларација“, вели Алберт Муслиу.

Предлогот не може да помине само на Влада. Треба да се разгледа и во Собрание и да биде поддржан од квалификувано мнозинство за да биде одржлив и спроведлив во иднина- вели Трошановски. На прашањето за тоа дали потребен референдум одговара:

„Тоа е последна опција што треба да се разгледа. Предлогот како таков е исклучително важен за нашата држава и насоката во која ќе се развива општетсвото во наредната декада, барем“, посочи Марко Трошановски.

Од партиските лидери претседателот на ДС и коалициониот партнер на Владата, Павле Трајанов бара референдум за францускиот предлог, мислењето на граѓаните да биде крајниот и одлучувачки фактор за предлогот, кој сепак треба да помине низа филтри.