За независниот пратеник Скендер Реџепи несфатливо е зошто АА треба да влезе во Влада, и не му е јасно зошто треба да се прошири мнозинството. Тој вели дека мнозинство во Собрание иомало и има и сега, но доколку АА одлучи да биде дел од владата, им посака добредојде.
„Божем за ЕУ, но во суштина не е тоа бидејќи уставните измени не се обезбедуваат со влезот на Алијанса. Ќе требаат некаде околу 6 или 7 пратеници или и неколку други, значи станува збор за партиски интереси, но секако тоа е нивно право“, вели Скендер Реџепи.
Според него, неговата поранешна партија Алтернатива најверојатно не сака да излезе од владиниот кабинет.
„Тие ќе останат дел од Владата макар и со еден мал ресор, или ќе треба да останат засрамени или да си заминат гордо“, додаде СКендер Реџепи.
Реџепи рече дека би си заминал од парламентарното мнозинство само доколку Владата не ја реализира точката за која што тој инсистирал во периодот кога бил потпишан политичкиот договор меѓу Алтернатива и Владата. Затоа тој очекува да се дефинираат работите меѓу Гаши и Ковачевски. Според ВМРО-ДПМНЕ Владата нема мнозинство ниту за усвојување на дневен ред а не за уставни измени.
Од Алтернатива велат дека АА добро е да ја каже точната причина зошто сака да влезе во влада. Според генералниот секретар ова треба да го направи и СДСМ. Но според Беким Сали причината за влез е следната:
„Единствената причина за овие преговори за проширување на парламентарното мнозинство е замолчување на Огнената група или целосно гасење на огнот внатре во ДУИ“, вели Беким Сали.
И според огнената група, влезот на АА во влада нема основа ниту политички аргументи.
„Имајќи ја оваа коалиција, мнозинство од 64 пратеника кои се доволни за функционирање на владата, ќе добијат од тие 19 кои се во опозиција и ќе ги внесат за да станат 72 пратеника, не знаат колку ќе избегаат. Значи ова се акробации за спас на Артан Груби. Не станува збор за Алијанса за Европа туку Алијанса за Артан“, порача Изет Меџити.
Додека продолжуваат дилемите дали АА ќе биде или не дел од Владата, од оваа партија според неофицијални информации, се очекува да се интензивираат средбите за преговори за поделба на ресорите. Средбите ќе бидат од различни формати меѓу работните групи а не меѓу премиерот Ковачевски и лидерот на АА, Таравари.
