Со зголемувањето на цената на горивата на Грција и Албанија ова лето им конкурираат Турција и Египет кои важат за многу популарни дестинации според нашите туристички агенции. Во Грција не се отворени сè уште сите хотели,а Албанија со цените и услугите е далеку во подобра позиција вели претседателот на угостителско-туристичката комора Аркан Керим.
Задоволен гостин е најдобра реклама, така што тој не се сомнева дека оние што биле во Албанија минатата година дека ќе ја посетат и оваа. Па, така во Албанија и да престојуваш во апартман можеш да си дозволиш да се храниш во ресторан што е луксуз во Грција.
-И лани кога беше најголемата криза нашите луѓе како последен пат да одат на одмор се качија во авион немаше никаков проблем. Како и лани најхит дестинација е Турција Анталија, Бодрум, директни чартери. Грција со тргањето на мерките, Албанија како што си беше, Црна Гора и хит дестинација ова лето можам да кажам дека е Египет, вели Керим.
„Како понуда на нашиот пазар тоа се Турција, Египет и повторно од оваа година со директни чартери Тунис којшто ни е нова дестинација која почнавме од оваа година да ја работиме и има доста голем интерес посебно кај старите патници коишто изминатите години патувале за Тунис среќни сме што повторно можеме да го понудиме со директни чартер летови од Скопје“, вели Благица Бутикоска, туристички работник.
Хотелите се минимално поскапени во однос на зголемените трошоци. Па така во Турција има 300% покачување на сите основни производи само од 15-ти март до 15-ти април, а цените на хотелите се зголемени за 20-30%. Секој ден по три авиони само за Анталија, еден авион за Бодрум, трипати дневно за Истанбул или некаде околу 150 000 македонски гости ќе отпатуваат за Турција -објаснува Претседателот на угостителско-туристичката комора на Македонија што зборува за масовна посетеност.
