За прв пат ќе слушнеме како звучи ветерот на Марс и движењето на роверот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Скопското астрономско друштво на својот Фејсбук профил објаснува што следува по слетувањето на роверот Истрајност на планетата Марс.

„Се будиме полека. Роверот Истрајност (Perseverance) пред два дена слета во кратерот Језеро на Марс. Сега останува да му се смени софтверот за слетување со софтверот за работа на Марс. Полека ќе се проверува дали сите системи и уреди на роверот функционираат како што е предвидено“, пишуваат од друштвото.

Од таму велат дека „будејќи се“ роверот ќе направи низа нови фотографии на своите делови како и на околината околу себе.

„Будејќи се, роверот ќе направи низа на фотографии на своите делови како и на околината околу себе. Овие денови очекуваме сè повеќе добри фотографии, но и видеа кои за разлика од порано ќе бидат поткрепени и со тон. Имено, за првпат НАСА на роверот стави и три микрофона со кои ќе можеме да го слушнеме ветерот на Марс, а веројатно и тоа како звучи движењето на роверот по површината на Марс“, посочуваат од Скопското астрономско друштво.